За 11% зголемени долгорочните боледувања во Хрватска. Најчеста причина, менталните нарушувања и онколошки заболувања

0
25

Во првата половина од оваа година, просечно 39.536 лица биле на долгорочно боледување подолго од 42 дена, што го сноси Хрватскиот завод за здравствено осигурување (HZZO), што е за 10,7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, според HZZO.

Просечниот месечен трошок за надоместоци за време на привремена неспособност за работа на товар на HZZO е 20 милиони евра, а во 2024 година се издвоени повеќе од 220 милиони евра. Најдолгото траење на привремена неспособност за работа во последните 10 години било 5.431 ден, а станува збор за психијатриска дијагноза.

Најчестите причини за долгорочно боледување се ментални и нарушувања во однесувањето, онколошки заболувања и болести на мускулно-скелетниот систем и сврзното ткиво.

Во HZZO, наведуваат дека во случај здравствената состојба на осигуреното лице по третманот и рехабилитацијата да не му дозволи да се врати на работа, матичниот лекар мора да го обработи пациентот за упатување на проценка на работната способност.

Превземено: Време.мк