Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за физика, Џон Мартинис, демантираше дека има грчко потекло, по објавите во грчките медиуми кои го нарекоа „грчко-американски научник“.
„Се покажа дека не сум грчко, туку хрватско-американско потекло“, изјави Мартинис, објаснувајќи дека неговите предци потекнуваат од островот Вис, поточно од Комижа, а дедо му со татко му емигрирале во САД пред Втората светска војна.
Мартинис, кој ја дели наградата со Џон Кларк и Мишел Деворет за откритија во квантната физика, вели дека науката не ја работи поради слава, туку поради „радоста на откривањето“.
Како пионер во квантното компјутерство, тој смета дека човештвото е на чекор до создавање на практичен квантен компјутер.


