Бугарија – Бојко Борисов ќе ја урива владата на неговиот премиер Жељасков

0
63

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, повика на промени на сите нивоа на власта во Бугарија откако неговата партија заврши на шестото место на предвремените избори за општински совет во Пазарџик. Тој повика на „реформа“ на владата, од која повторно се дистанцира и инсистираше премиерот Росен Жељазков сега да дејствува цврсто кон своите партнери. Со зборовите „Пеевски не е во владата – или треба официјално да влезе. Што и да кажат таму на Заедничкиот совет за управување , јас ќе проценам за ГЕРБ дали е правилно или не“, Борисов ја отвори вратата за нова формула. Дељан Пеевски, лидерот на ДПС – Нов почеток, веднаш реагираше, дека е подготвен за преговори и дека чека покана.
Реформите во коалицијата очигледно ќе влијаат и на претседателката на парламентот, Наталија Киселова. Борисов побара нејзина замена и доби поддршка од Пеевски, според кого функцијата треба да му припадне на ГЕРБ.