На 12 и 13 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода М.Л.О.(20), Е.Ј.М.(40), Д.Ф.(25), Д.С.(18), Е.П.(20), Д.Т.(24), Р.М.(27), С.В.(25), А.С.(35), сите од Скопје, како и Ш.Н.(36) и А.В.(34) од Велес.
Кај нив беа пронајдени и одземени различни видови на дрога – бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.