Министерот Алиу размислува за редовни тестови за дрога кај сите лекари

0
58

Министерот за здравство, Азиp Алиу, размислува за воведување на редовни тестови за дрога кај сите лекари, по скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, се гледа како меша бела прашкаста материја.

„Не сум сигурен дали законски тоа може да се дефинира, но лично би сакал законот да предвидува таква обврска. Тоа би значело дополнителна институција која ќе ја проверува стручноста и чистотата на лекарите“, изјави Алиу.

Целта е да се зголеми довербата во здравствениот систем и да се обезбеди дека сите лекари ги исполнуваат професионалните и етичките стандарди.