Штипјанката Мелани Митевска со бронза на Балканското првенство во борење

0
70

Мелани Митевска со одлична борба и победа над својата противничка од Турција во борбата за бронзениот медал, го освои третото место на Балканското првенство за младинци до 20 години, кое се одржа во Романија!

Претходно, медали освоија и пионерите Лука Ананиев – сребро (44 кг.), Кристијан Атанасов – бронза (48 кг.), Мираџ Мустафа – бронза (52 кг.), и Дарјан Павлев – бронза (68 кг.), како и кадетите Марио Ананиев – бронза (71 кг.) и Садије Дура – бронза (53 кг.).