Облачно со сончеви периоди, од среда дожд

0
29

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи од 3 до 11, а максималната од 16 до 22 степени.

До вторник се очекува стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Од среда, под влијание на влажни воздушни маси, повторно ќе има локални врнежи од дожд и пад на дневната температура за неколку степени.

Од среда (15 октомври) па во наредните денови, Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и североисток. Во такви услови ќе преовладува зголемена облачност со врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и североисточен правец.