Нов рекорд на Питијадата во Велес: Џиновска пита долга 4,3 метри

0
26

Викендов во Велес се одржа традиционалната Питијада, а годинава на настанот беше поставен нов рекорд – подготвена беше џиновска пита долга 4,3 метри.

Велешани и бројните гости имаа можност да уживаат во оваа уникатна пита, која ја подготвија Зоранчо Илиевски, Ангел Костов, Виктор Василевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Горан Костадинов, Кристина Маневска и Александар Јамалов, заедно со најмладите членови Калина и Георгиј од фурната „Гемиџии“.

За подготовка на питата биле употребени 16 килограми брашно, 26,5 килограми тесто, 42 килограми месо и дури 350 јајца.

Средствата собрани од продажбата на питата, во соработка со Црвениот крст Велес, ќе бидат наменети за хуманитарни цели.