Во приказна што ги поместува границите на она што се смета за нормално, една мајка од Нешвил, САД, стана вирална сензација откако на свет донесе бебе со неверојатна тежина од 5,8 килограми. Малиот Касиан е најголемото бебе родено во болницата „TriStar Centennial“ во последните три години Поради големината, бебето било родено со царски рез, а веднаш потоа поминало и краток период на одделот за неонатална интензивна нега, каде што лекарите внимателно го следеле неговото ниво на шеќер во крвта. За среќа, сè поминало во најдобар ред.



