Францускиот претседател Емануел Макрон има рејтинг на одобрување од 14 проценти, сo што го урна сопствениот рекорд на непопуларност: претходно 82 отсто од Французите немаа доверба во него, појасно кажано не сакаа повеќе да им биде претседател.
Како што објави пред неколку дена францускиот лист „Лез еко“, најновите анкети покажуваат дека (не)популарноста на Макрон се урниса на тоа рамниште што дури 86 отсто од Французите сакаат тој да ја напушти претседателската Елисејска палата. Или, само 14 проценти од Французите веруваат дека тој може ефикасно да ги реши проблемите со кои се соочува Франција.
Според „Лез еко“, ова е најниското ниво на доверба на кој било шеф на француската држава, откако се спроведува ваков вид анкета на јавното мислење.
Превземено: НоваМакедонија

