Македонија го пречекува Казахстан во клучен квалификациски натпревар за СП 2026

0
91

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација ќе го пречека Казахстан во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

За „црвено-жолтите“ победата е клучна за задржување на шансите за пласман на Мундијалот. Голманот Столе Димитриевски истакна дека тимот размислува само за триумф и очекува силна поддршка од навивачите.

Во групата Ј, Македонија е лидер со 12 бода, Белгија има 11 и натпревар помалку, Велс е трет со 10 бодови, Казахстан има шест, а Лихтештајн се уште нема освоен бод.