Косово – Локални избори 2025: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

0
92

По вчерашното гласање на локалните избори во Косово, прелиминарните резултати покажуваат дека втор круг на гласање ќе се одржи во 21 општина, вклучувајќи ги Приштина, Призрен и Митровица, бидејќи ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство.
Излезноста беше 39,51 отсто, што е пониско од претходните избори.
Во меѓувреме, најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“, победи без втор круг во девет од десет општини со српско мнозинство.