Каталонија погодена од масовни поплави. Страшни снимки се споделуваат на социјалните медиуми

0
56

Масовни поплави предизвикани од обилните дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти.
Драматични снимки од невремето и од поплавите се објавуваат на социјалните мрежи. Се гледаат порои од каллива вода како течат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во шпанската покраина Тарагона, однесувајќи сè пред себе.

Причина за тешките додови е бурата Алис.

Националната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ да издаде највисоко, црвенониво на предупредување за крајбрежниот регион.
За среќа, досега нема извештаи за жртви или за повредени луѓе.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови.

Превземено: Макфакс