Владо Јовановски по напад од кучиња остана инвалид и веќе неколку години се бори за преживување. Заедно со неговата мајка Снежана бараат итна помош и се во исклучително тешка ситуација.
Во моментов, во исклучително тешка ситуација се наоѓаат Снежана и нејзиниот син Владо Јовановски од Скопје, општина Ѓорче Петров, кои се борат за преживување.
Владо во 2022 година бил нападнат од кучиња и останал инвалид, а со неговата мајка живеат под кирија во крајно лоши услови и влага. Се соочуваат со недостаток на средства за кирија, лекови и храна.
Моментално немаат никакви примања, а социјалната помош која ја примале завршила во септември. Поради тешката физичка состојба, Владо е речиси неподвижен и не може да оди со автобус до институциите за повторно да аплицира за социјална помош. Исто така, немаат пари за такси за да стигнат до Центарот за социјална работа.


