Истанбул го престигна лондонскиот Хитроу и стана најпрометниот аеродром во Европа

0
19

Аеродромот Истанбул (IST) официјално го престигна Лондонски Хитроу (LHR) и стана најпрометниот аеродром во Европа во 2025 година, според податоците за бројот на достапни седишта на комерцијални летови. Во текот на октомври оваа година, Истанбул регистрираше 4,53 милиони достапни седишта, додека Хитроу имаше нешто помалку – 4,47 милиони.Овој раст е главно поттикнат од Туркиш ерлајнс, кој значително ја прошири својата мрежа на летови во последните години и сега го поврзува Истанбул со повеќе од 350 дестинации низ целиот свет. Националната авиокомпанија на Турција планира понатамошно проширување – до 2033 година тие имаат намера да ја зголемат флотата на 800 авиони, што би го направило еден од најголемите глобални превозници.