Данската влада најави нов закон со кој на децата под 15 години ќе им се забрани пристап до социјалните мрежи. Родителите ќе можат да дадат дозвола за користење од 13-годишна возраст.
Премиерката Мете Фредериксен истакна дека мобилните телефони и социјалните мрежи го „крадат детството“ на децата, предизвикувајќи анксиозност, депресија и проблеми со концентрацијата. Таа нагласи дека новата мерка има за цел заштита, а не казна.
Овој потег следува по забраната за мобилни телефони во основните училишта и се приклучува на слични мерки во Австралија и Норвешка. Целта е да се врати детството и здравото развивање на младите.


