Возачите на камиони пред нови проблеми. Новиот ЕУ-систем ги изедначува како туристи

0
92

Новиот систем за влез во Европската Унија, кој предвидува електронска регистрација и биометриска контрола, би можел да создаде сериозни пречки во меѓународниот транспорт. Возачите на камиони предупредуваат дека ќе бидат третирани како туристи, што може да го забави протокот на стоки и да има последици по економијата, пренесува Forbes Serbia, цитирајќи Каматица.

Неѓо Мандиќ од здружението „Меѓународен транспорт“ објаснува дека веќе подолго време водат разговори со претставници на ЕУ за да укажат на проблемот.
„Од моментот кога сфативме дека може да настане проблем, веднаш започнавме комуникација со Европската комисија. Бевме и во Брисел, каде со презентација ги изложивме сите аргументи зошто возачите не треба да бидат ограничени со исти правила како туристите“, вели Мандиќ.

Тој нагласува дека професионалните возачи се посебна категорија – луѓе кои постојано и исклучиво работно патуваат во ЕУ. Како решение, предлага воведување специјална виза за професионални возачи, која би овозможила повеќекратни и подолги престои без административни компликации.