За време на редовните сообраќајни контроли, викендов полицијата изрече вкупно 1.502 казни. Најголем дел, 958 прекршоци, се однесуваа на возачи кои не ја почитувале дозволената брзина.
Уапсени се четворица за возење под дејство на алкохол, четворица за брзо возење во населено место и пет за брзо возење надвор од населено место.
Покрај тоа, полицијата регистрирала и 122 возачи без возачка дозвола, 97 за неправилно паркирање и 47 за возење под дејство на алкохол и други.



