Трамп најави 100% царини за Кина, Пекинг возвраќа со мерки против NVIDIA

0
3

Трговската конфронтација меѓу САД и Кина повторно се разгорува. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни царини од 100% за увозот од Кина, кои ќе стапат на сила од 1 ноември — или порано, доколку Пекинг преземе „агресивни мерки“.

Истовремено, Кина воведе нови ограничувања за извоз на технологии поврзани со ретки метали и постави построги услови за странските компании. Ретките метали се клучни за производството на електроника, автомобили и воената индустрија, а Кина е главен глобален снабдувач.

Како одговор на американските мерки, Пекинг најави и царини за американските полупроводници, таргетирајќи го технолошкиот гигант NVIDIA. Новите царини и проверки имаат за цел да ја поттикнат домашната индустрија и да ја намалат зависноста од странска технологија.

Експертите предупредуваат дека овие потези може да ја нарушат глобалната трговија, да предизвикаат поскапувања и да го продлабочат јазот меѓу источниот и западниот технолошки блок.