Во Србија денеска се организирани собири за поддршка на Србите во Косово во неколку места, еден ќе го организираат поддржувачи на владата, а друг студенти во блокадата и граѓани кои ги поддржуваат. Министерството за внатрешни работи на србија, објави дека ќе ги снима и фотографира учесниците на митинзите во Белград, Кикинда, Чачак, Зрењанин, Сомбор, Крагуевац, Заечар и Пирот. Во текот на претходните месеци, неколкупати се случи истовремено да се одржуваат собири на противници и поддржувачи на владата, а неколку пати полицијата мораше да интервенира за да спречи конфликти меѓу собраните.


