Гугл ја претстави најлудата тастатура досега. Вртење како на стар телефон!

0
33

Компанијата Google Japan е позната по своите необични и духовити концепти на тастатури, но најновиот изум ги надминува сите досегашни.

Наместо класични тастери, тастатурата има девет бројчаници со различни големини, распоредени под ознаките за букви и функции. За да се внесе некоја бувка или знак, прстот се става во отворот на соодветниот бројчаник и се врти до крај – кога ќе се пушти, бројчаникот се враќа во почетната положба и компјутерот го регистрира внесот.

Овој принцип потекнува од механизмот наречен „pulse dialing“, што го користеја старите ротациони телефони. Наместо електрични импулси, Google Japan користи современи сензори кои ги претвораат движењата на бројчаникот во дигитални сигнали што компјутерот ги препознава.

Посебен додаток на овој необичен уред е постолјето што функционира слично како кај старите телефони. Кога корисникот за време на видео повик ќе го спушти глувчето на постолјето, камерата автоматски се исклучува, исто како кога се завршувал разговор со спуштање на слушалката.