Вооружен грабеж во Гостивар. Маскирани лица ограбија златара и поставиле бодликави жици низ градот

0
15

Вистинска акциона драма се одигра вчера во центарот на Гостивар, каде група вооружени напаѓачи извршиле дрзок грабеж во златара во близина на градската црква.

Според првичните, неофицијални информации на infomax.mk, сторителите биле вооружени со автоматско оружје – најверојатно калашникови – и дејствувале координирано, со прецизност како во филмска сцена.

За да ја забават реакцијата на полицијата, тие на неколку клучни улици фрлиле бодликави жици, со што целосно го блокирале движењето на службените возила и отежнале пристапот кон местото на грабежот.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за висината на украдената вредност. Полицијата веднаш го блокирала поширокото подрачје и спроведува интензивна потрага по сторителите.

„На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило БМВ без регистарски таблички побегнале.

– Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Тетово.

Се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот и официјалната потврда од надлежните органи. ( инфо/видео- INFOMAX.MK)