Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство, објавија косовските медиуми. Рашиќ е петтиот потпретседател на Собранието.Тој, исто така, ја прогласи конститутивната седница на Собранието на Косово за затворена. Ова значи дека сега е отворен патот за формирање на новата влада на земјата, 8 месеци по изборите на 9 февруари.


