20 годишен боксер со најмалку 10 удари го убил Стојле Горгиев од Грдовци на 2 октомври. Со тешки повреди и во кома, Горгиев на улица во Љубљана е пронајден од таксист… Малку подоцна Горгиев починал од тежината на повредите а по убиецот се трагаше до завчера кога тој заедно со неговиои татко сам се пријавил во полицијата.
Сега осомничениот е во притвор а Полициската управа во Љубљана потврди дека тој веке се товари за кривично дело нанесување тешки текесни повреди со смртни последици.
20-годишникот беше изведен пред истражен судија во вторник, кој по испрашувањето му одреди притвор.
„Поради интересот на истрагата, која е сè уште во тек, не можеме да ви кажеме повеќе“…соопшти полицијата со што сеуште не се јасни мотивите за убиството.
Според онлајн весникот „Дневник“ , 20-годишниот осомничен е спортист од Љубљана кој тренирал фудбал, а неодамна и бокс. Според извештаите, тој се пријавил во полиција и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град.
39-годишниот Горгиев наводно бил удрен повеќе од десет пати во главата, а бил пронајден од таксист во раните утрински часови, објавуваат словенечките медиуми.
Бруталната смрт на Стојче Горгиев беша тажна вест и во Словенија и во Македонија а особено во Кочани и негвото родно место Грдовци. Тој во Словенија живееше и работеше 17 години.



