Штип – Недела на детето: Институциите и родителите треба заеднички да работат за да се изгради стабилно и сигурно дете

0
73

Првата недела од октомври е посветена на Неделата на детето. Во двете најголеми детски градинки во Штип “Вера Циривири Трена” и “Астибо” се одржаа низа активности и настани, вклучувајќи: донации од дете на дете, играчки за детското одделение во КБ Штип, запознавање на нивните прави преку интерактивни активности, дефилеа и претстави.

Целта е да се изгради стабилно дете, заеднички од страна на институциите и родителите, истакна директорот на детската градинка Астибо Илија Митров.

Завршниот настан во одблежувањето на Неделата на детето беше спортската олимпијада во салата Јордан Мијалков во Штип.