Штекли тврди имал „змии во главата“ и „магиски мисли“, вештакот од Бардовци не се согласил и изнесол дека е психички здрав

0
104

Во Основниот кривичен суд Скопје денес заврши сослушувањето на вештите лица за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штекли. Одбраната тврдела дека Штекли е психотичен и не може да ја следи главната расправа, додека Обвинителството изнесло докази дека тој е во добра здравствена состојба.

Вештото лице Оливера Поповска од Психијатриската болница Скопје изјави дека, и покрај тврдењата на Штекли за „магиско мислење“, тоа не е показател за халуцинации. Таа нагласи дека кај него не може да се дијагностицира шизофренија, иако се забележуваат одредени дисоцијални и шизотипни црти.

Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски, реагираше дека вештачењето е недозволен доказ и дека само Судечкиот совет може да одобри нови вештачења.

Судот ќе донесе конечна одлука на следното рочиште закажано за 13 октомври 2025, по што ќе се одлучи дали ќе се побара супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.

Превземено: Прв.мк