Утре е неработен ден – Македонија го слави 11 Октомври, Денот на народното востание

0
69

Утре, 11 октомври, е неработен ден за сите граѓани – се одбележува големиот државен празник Денот на народното востание на македонскиот народ.

11 Октомври е симбол на отпорот против фашизмот и почеток на организираната борба за ослободување на Македонија. Со востанието, македонскиот народ го постави темелот на својата државност и покажа дека не прифаќа окупација, туку активно се вклучува во антифашистичката борба во Втората светска војна.

Овој октомври носи два неработни дена. Првиот е утре, а вториот ќе биде. Тоа значи дека месецов некои граѓани ќе можат да уживаат во полу-продолжен викенд.
До крајот на годината не очекуваат уште два државни празници, 23 октомври (четврток) Денот на македонската револуционерна борба и 8 декември (понеделник) Св. Климент Охридски – заштитникот на македонската просвета и култура.