УНИЦЕФ: 100% од децата помеѓу 15 и 24 години користат интернет, 97% по повеќе пати во денот. Скоро 80% од родителите сметаат дека тоа е премногу

0
11

Според податоците на УНИЦЕФ, дури 100 проценти од младите на возраст од 15 до 24 години користат интернет, а 97 проценти од нив се онлајн неколкупати дневно. Истражувањата на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) потврдуваат дека и основците сè почесто играат, учат и комуницираат онлајн, што укажува на целосна дигитализација на младата генерација, објави 4NEWS.mk

Јавноста е поделена околу оваа појава. Во анкетите, 79,6 проценти од родителите сметаат дека децата поминуваат премногу време на интернет, а особено ги загрижува изложеноста на социјални мрежи, видео-игри и содржини кои не се соодветни за возраста. Психолозите предупредуваат дека долготрајното користење дигитални уреди може да влијае врз сонот, концентрацијата и социјалните вештини кај децата, објави 4NEWS.mk

Превземено: 4NEWS.mk