Локални избори 2025: На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќните лица за гласање

0
87

До полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќните лица кои сакаат да гласаат на претстојните Локални избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври.

Рокот за пријавување на лицата кои се наоѓаат во домашен притвор и сакаат да го остварат своето избирачко право истекува на 14 октомври.
Гласањето за болните и немоќните лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата сместени во старски домови ќе се спроведе на 18 октомври, еден ден пред главниот изборен ден. Избирачките одбори ќе го организираат гласањето во домовите на овие лица.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 изнесува 1.832.415 избирачи. Од нив, 1.717.803 се запишани во редовниот список, 112.000 во посебниот список за лица на привремена работа или престој во странство, 2.162 се затвореници или лица во притвор, а 450 се жители на старски домови.
На овие избори не се предвидува гласање во дијаспората.