Хрватска испрати нота до Црна Гора, бара враќање на имотот на Хрватите во Тиват и Доброта

0
63

Хрватска испрати дипломатска нота до Црна Гора, барајќи да им го врати имотот на членовите на хрватското малцинство во градовите Тиват и Доброта, објавија хрватските медиуми.

Како што е објавено, станува збор за 51 семејство од Тиват кои не добиле никаква отштета за конфискуваниот имот што со векови е во нивните семејства објавува Вечерњи лист, додавајќи дека во областа Доброта, на хрватските семејства им е конфискуван имотот во 1990-тите.

Во нотата се наведува дека реституцијата е еден од клучните критериуми во Поглавје 23 од преговорите за пристапување на Црна Гора кон Европската Унија и дека постапките за реституција мора да се спроведуваат на недискриминаторски начин, во разумен рок и во согласност со европските стандарди.