Филмско киднапирање во Будва: Тројца Турци уапсени по полициска потера

0
79

Во Будва е пријавено вистинско филмско киднапирање. Според пријавите на граѓаните, на улицата „Доситеева“ неколку лица со сила внеле едно лице во „мерцедес“ С-класа со подгорички регистарски таблички, по што возилото со голема брзина се упатило кон Котор.

Будванската полиција веднаш реагирала и започнала потера по возилото. Интервентната единица успеала да го стигне „мерцедесот“ кај тунелот Могрен, но возачот, во обид да избегне апсење, нагло ја зголемил брзината и започнал опасно претекнување на колона возила. При тоа предизвикал сообраќајна несреќа, удирајќи во три автомобили, по што возилото излетало од патот во местото Пољице.

Возачот успеал да излезе и да влезе во друго возило, „пежо“, со кое се обидел да побегне назад кон Будва. Полицијата добила пријава од граѓани дека „пежото“ се движи со голема брзина и веднаш организирала блокада. Возилото било запрено, а во него биле пронајдени три лица – сите државјани на Република Турција, од кои едното со документи, а другите двајца без идентификација.

Во „мерцедесот“ кој излетал од патот полицајците пронашле уште едно лице, за кое постои сомневање дека било насилно внесено во возилото.
Сите инволвирани се приведени во полициската станица во Будва, а случајот се истражува, известуваат од Црна Гора.