10 октомври носи моќна нумеролошка енергија, идеална за нов почеток и остварување на соништата
Десеттиот ден во десеттиот месец ослободува силна енергија што нè поттикнува да тргнеме во нова насока и да почнеме да градиме живот каков што сакаме.
Нумеролозите и астролозите истакнуваат дека овој датум носи посебна вибрација – можност за ново „јас“, за почеток на нешто важно и трансформативно. Тоа е ден кога можеме да ѝ се посветиме на својата мисија за личен развој и на ослободувањето од минатите ограничувања.
„Сега влегуваме во акциска фаза од циклусот и тоа ќе продолжи до крај на годината“, објаснува астрологот Таназ Чаб, истакнувајќи ја спиритуалната важност на 10 октомври.
„Во наредните месеци ќе имаме можност да изградиме нов живот, на празно платно да насликаме слика каква што сакаме.“
Во нумерологијата, бројот 10 симболизира целосност и рамнотежа. Тоа е момент кога сè може да се нареди, а животот да тргне во нов правец. Исто така, десетката е моќен манифестациски број – енергијата на овој ден се дуплира, што значи дека е идеален момент за остварување на соништата и поставување темели за иднината.
Астрологот советува:
„Водете се според тоа како сакате да го чувствувате вашиот живот. Направете мали чекори во правецот што ви дава добро чувство. Тоа е најдобриот начин да се отворите кон оваа моќна вибрација, која носи промени и нови можности.“
Утре е ден за храбри одлуки, нови почетоци и отворање врата кон животот што навистина го посакувате – подгответе се енергијата на 10.10 навистина да ве разниша и да ве инспирира.


