Времето денес и утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во наредните денови се очекува период на стабилно и суво време, проследено со постепен пораст на дневните температури.
Дневната температура денес и утре ќе се движи од 14 до 21 степен.


