Над 18.000 казни за возење без возачка дозвола: Најмногу прекршоци во Струмица – 3.275

0
42

Од почетокот на 2025 година до крајот на септември, во рамки на континуираните полициски контроли, санкционирани се вкупно 18.458 возачи кои управувале возило без возачка дозвола.
Најмногу прекршоци се евидентирани на подрачјето на СВР Струмица (3.275) и СВР Скопје (3.202), а потоа следуваат СВР Битола (2.811), СВР Тетово (2.086) и СВР Куманово (1.660).

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во истиот период изрекла 1.634 мерки, додека на територијата на СВР Велес се регистрирани 1.466 прекршоци, во СВР Штип – 1.238, а во СВР Охрид – 1.086.

Само во првата недела од октомври, до 7 октомври, се констатирани уште 373 случаи на возачи кои учествувале во сообраќај без дозвола.
Полицијата најавува дека засилените контроли ќе продолжат, а до граѓаните повторно се упатува апел да ги почитуваат сообраќајните прописи и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.