Локални избори 2025- Кандидатите за градоначалници на Штип, Кочани и Пробиштип претставија дел од своите програми: Грижа за возрасните, подобра инфраструктура и заштита од пожари

0
47

Кандидатите за градоначалници во источниот регион – Павел Иванов за Штип од СДСМ и коалицијата, Тони Тоневски за Пробиштип од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За твоја Македонија и независниот кандидат Зоран Тодоров за општина Кочани – презентираа клучни приоритети од своите изборни програми за наредните четири години. Изградба на Интегриран центар за пензионери и лица со посебности во Штип, серија инфраструктурни проекти со фокус на обнова и изградба на локални патишта во Пробиштип и заштита од пожари со набавка на дронови за рана детекција на пожари, формирање регионален центар за обука на пожарникари, како и проширување на водоводната мрежа во критичните подрачја за побрза интервенција при евентуални пожари во Кочани…