Косовo – Полицијата го уапси аналитичарот Фатмир Шехоли за шпионажа во корист на Србија

0
51

Полицијата на Косово, во тесна соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапси Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа. Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок институционален сериозитет, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република Косово.

„ Времето на српските шпиони во Косово заврши. Секој што работи за Србија, а против Косово, ќе биде гонет без компромис. Републиката мора да се брани со највисока институционална и морална одговорност“, напиша Свечла на Фејсбук