Жена за влакно избегна смрт.Балкон се урна пред неа

0
21

Безбедносните камери забележаа морничава сцена во Грција кога балкон падна на средина од улицата, речиси убивајќи жена.

Морничавата сцена се случи вчера попладне во градот Лаврио, кога балконот падна од двокатна зграда во која се наоѓа популарна аптека.

Жена одеше по тротоарот кога балконот падна, за малку избегнувајќи смрт. Таа беше полесно повредена во инцидентот, но четири паркирани возила претрпеа големи штети.