Со лични средства директорот на ЈП “Исар”- Штип Александар Арсовски обезбеди канта за смет за жената од улицата “Партизанска” која зеде, па врати канта за смет од соседите.
“Госпоѓата очигледно има потреба од ваков на санитарен инвентар, па доколку тоа не и пречи јас лично го обезбедив за таа граѓански да има можност да го собира својот смет. Кантата ќе биде доставена до 11 часот во дворот на нашата сограѓанка”, изјави директорот Арсовски.
Реакцијата на Арсовски доаѓа откако вчера до Тв Стар беше доставено видео на кое се гледа како жена зема туѓа канта, за потоа да ја врати со извинување дека од неа имала само моментална потреба.
Home МАКЕДОНИЈА Директорот на ЈП “Исар” Штип Александар Арсовски со лични средства обезбеди канта...


