Вучиќ ја обвини Турција дека сонува за обнова на Отоманското царство откако Косово доби турски воени дронови

0
17

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Турција дека не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува да го обнови Отоманското Царство откако Косово ги доби првите борбени дронови од турско производство.Вучиќ, кој пред една година се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш збореше за златна доба во односите помеѓу двете земји, сега изјави дека е згрозен од однесувањето на Турција.
„Турција брутално ги крши Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност така што ги вооружува косовските власти. Сега е потполно јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и повторно сонува за обнова на Отоманското Царство. Србија е мала земја, но добро ја разбравме пораката“, кажа Вучиќ.