Штипjaнецот Лука Ананиев во финале а Димитриев и Ѓурова со шанси за бронза на Балканското Првенство во борење – Романија 2025.

0
57

Штипјанецот Лука Ананиев по победите над Косово, Молдавија и Турција успеа да се пласира во Финалето и денес со почеток 16:00 часот ќе се бори со претставникот на Турција, Буџра Елдемир. Oсвен Лука, шанси за медали имаат и Kристијан Атанасов, Мираџ Мустафа, Даријан Павлев, штипјанецот Христијан Димитриев и штипјанката Викторија Ѓурова кои ќе се борат за бронза.
Тренерите Јасин Реџелари, Зоран Сребренов и Марјан Христов го предводат тимот на пионери репрезентативци:

Хајрун Мемеди(34-38кг), Ендрид Сулејмани(41кг), Лука Ананиев(44кг), Христијан Атанасов(48кг), Мираџ Мустафа(52кг), Дардан Бела(57кг), Матеј Трајковски(62кг), Даријан Павлев(68кг), Илхан Муртези(68кг), Димитар Атанасов(75кг) и Христијан Димитријев(85кг) во машка и во женска категорија се борат Леа Тасевска(46кг), Спасија Василева(50кг), Неда Урошевска(50кг), Теа Донева(54кг), Изабела Зајков(61кг), Михаела Ѓоргиева(61кг) и Викторија Ѓурова(66кг).

Во делот на судиите, нашиот Гоце Ангелов ќе суди и ќе ја претставува Македонската Федерација на меѓународната боречка сцена.