Флоријан Бинај – „Албанскиот Зеленски“ во трка за градоначалник на Тирана

0
14

Познатиот сатиричар Флоријан Бинај ја објави својата кандидатура за градоначалник на Тирана, со поддршка на Сали Бериша, лидер на опозициската Демократска партија.

Бинај, познат по своите импресивни имитации на социјалистичкиот премиер Еди Рама и неговите појавувања на телевизија во ударниот термин, во саботата објави дека има намера да се кандидира за функцијата, објави порталот „Политико“.
„Одлучив да ја објавам мојата кандидатура за градоначалник на Тирана. Верувам дека мојот придонес, иако е само половина од мандатот, ќе служи на надежта и единството и ќе го подобри животот на сите жители на главниот град“, напиша тој во објава на Фејсбук.

Неговата одлука брзо ја доби поддршката на Бериша, кој самиот се соочува со правни проблеми. Во понеделник, тој рече дека сите опозициски гласачи и партии треба да ја поддржат кандидатурата на комичарот, а повикот го предводи неговата централно-десничарска Демократска партија.
Не се сите убедени дека Бинај има капацитет да управува со годишниот буџет на главниот град од 250 милиони евра, а локалните коментатори предупредуваат на неговото неискуство во администрацијата.

„Политко“ пишува дека кандидатурата на Бинај предизвикала споредби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој бил успешен актер и комичар пред да влезе во политиката.