Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека Русија и САД треба да формираат комисија за Балканот и оцени дека Европската Унија повеќе нема потенцијал да се занимава со Балканот и дека сè што досега направила во таа област било погрешно.Додик оцени дека секој ден станува сè појасно дека европските земји „не знаат како да ги решат своите проблеми, а камоли оние на другите“ и дека насобраните проблеми на Балканот би можеле да ги решат Русија и САД, преку комисија за Балканот што би ја формирале двете светски сили, а која би ја предводела Унгарија.
Тој рече дека Будимпешта ја разбира ситуацијата на Балканот, како и Москва, додека новата администрација во Вашингтон е сè поразбирлива, пренесува RTRS.



