ВИДЕО: 500 лица го нападнаа возилото на Претседателот на Еквадор со камења, пронајдени и траги од оштетувања од куршуми

0
18

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар, врз автомобилот биле фрлани камења и биле пронајдени траги од оштетување од куршуми, изјави министерката за животна средина и енергетика Инес Манзано.

Претседателот не е повреден, а пет лица се уапсени, додаде министерката Манзано, која официјално поднесе пријава за обид за атентат врз претседателот Нобоа.

„Пукање кон автомобилот на претседателот, фрлање камења, уништување на државен имот – тоа е едноставно криминал. Ние нема да го дозволиме тоа“, рече Манзано.

Видео од автомобилот, објавено од Кабинетот на претседателот, ги прикажува луѓето покрај патот како фрлаат камења и кршат стакло на прозорецот на возилото.

Превземено: Макфакс/Твитер/Икс