Бура ја погоди Романија: Затворени училишта, стопиран јавен превоз и поплавени улици во Констанца

0
81

Силна бура ја погоди Романија во вторник навечер и рано изутрина, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и прекин на наставата. Поради екстремните временски услови, училиштата во повеќе делови од земјата беа затворени, а јавниот превоз привремено беше запрен.

Најтешко погоден е приморскиот град Констанца, каде поројните дождови поплавија улици, блокираа канализации и оштетија повеќе згради. Дел од дрвјата паднаа и предизвикаа материјална штета, но засега нема информации за повредени лица.

Спасувачките екипи работеле цела ноќ за расчистување на последиците од невремето. „Интервенциите продолжуваат и утрово. Властите постојано ја следат состојбата и реагираат каде што е потребно“, соопштија од Градската администрација на Констанца.