На третиот јавен оглас за купување и вградување инвертер клима-уреди аплицирале околу 6.000 граѓани, информираат од Министерството за енергетика. Правото можат да го остварат домаќинства со ниски приходи и пензионери чиј вкупен месечен доход не го надминува одредениот лимит — од 15.700 до 43.000 денари, зависно од бројот на членови.
Покрај оваа мерка, Министерството реализира и програми за заштита на ранливи потрошувачи и за енергетска поддршка на граѓаните, за кои годинава се предвидени над 160 милиони денари.
Досега беа распишани два огласа за енергетска заштита, на кои аплицирале повеќе од 1.200 граѓани. Евалуацијата на последниот оглас е во тек, а дел од барателите веќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари во текот на една година.– По третиот јавен оглас за остварување на право на купен и вграден инвертер клима-уред аплицираа приближно 6.000 баратели во двете категории – велат од Министерството за енергетика.


