„На 07.10.2025 во 00:36 часот во СВР Штип, С.М.(58) од Штип пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот брат З.Г.(63) од Штип. Подоцна, во 00:59 часот во СВР Штип, и З.Г. пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата сестра С.М. и неговиот зет Т.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, соопштија од СВР Штип.


