Полициска потера и пукање во Скопје: Џип заврши во ендек кај Идризово

0
34

Жителите на Скопје вчеравечер беа вознемирени од пукање и бркотница со возила за време на полициска акција. Потерата заврши на патот кон Идризово, каде полициските службеници успеаја да го запрат џипот „Ренџ Ровер“ кој претходно избегал од повеќе полициски обиди за запирање.

Според неофицијални информации, за време на потерата се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа блокиран стариот пат кон Велес, каде полицијата е распоредена на терен, а возилото завршило во ендек покрај патот.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека официјални информации за случајот ќе бидат објавени по завршувањето на увидот.