Под влијание на релативно ладен бран кој се спушта од север, денес и утре (7 и 8 октомври) во целата држава ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, кој локално може да достигнува брзина и над 65 километри на час, предупредува Метеоаларм.
Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините над 1600 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во Скопје и околината се можни повремени врнежи од дожд, а на високите планини околу градот — провејување на снег.
Температурите во земјата овие два дена ќе се движат од 8 до 16 степени.
Поради силниот ветер, метеоролозите апелираат до граѓаните да внимаваат при движење и да ги заштитат своите автомобили, да не ги паркираат во близина на стари и изолирани дрвја, поради можност од нивно паѓање.


