Корупциски скандал ја тресе Словенија – премиерот Голоб под притисок да поднесе оставка!

0
63

Словенечката комисија за спречување корупција (KPK) во нацрт-извештај утврдила дека премиерот Роберт Голоб се нашол во околности кои може да претставуваат судир на интереси.
Според извештајот, Голоб го именувал својот партиски колега и бизнисмен Томаж Суботич во два управни одбора на јавни болници.

Словенечката опозиција го повика премиерот да поднесе оставка доколку се утврди прекршување на законот за интегритет, потсетувајќи на неговите претходни ветувања.
Во тек е и друга постапка против Голоб, поврзана со наводни притисоци врз поранешната министерка за полиција Татјана Бобнар и други вработени во министерството.