39 годишниот Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци сурово е убиен во центарот на Љубљана. Инцидентот се случил во ноќните часови кога најмалку двајца безмилоснно го тепале Ѓоргиев од чии последици тој подоцна починал во болница во Љубљана.
Ѓоргиев во Словенија бил веќе 17 години, каде живеел со неговиот помал брат и таму бил градежен работник. Семејство сеуште намал оформено, а оние што го познаваат велат дека бил дружељубив, неконфликтен и работлив.
Телото на Стопче Ѓоргиев денеска ќе биде донесено во Кочани,а погребот ќе биде организиран утре во неговото родно Грдовци.
Трагичниот случа јболно го примија сите , а особено неговите некогашни сожители од Грдовци. Словенечката полиција спроведува активности за расветлување на случајот.


